Connect with us

Време е за нов спектакл: Манчестер Сити и Реал Мадрид во нова пресметка

Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите вечерва во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на „Итихад“. Пред една недела двата тима одиграа натпревар кој го одзема здивот, а заврши 3-3. „Граѓаните“ и „кралевите“ се среќаваат трета сезона по ред на турнирот на богатите, а судирите се вистинска атракција. Само на последните пет меѓусебни натпревари постигнаа вкупно 23 гола.


„Граѓаните“ се стремат кон уште една тројна круна по неверојатниот успех минатата сезона. Манчестер Сити изминатиот викенд го совлада Лутон со 5-1, иако повеќето голови беа постигнати по паузата. Гвардиола имаше можност да одмори некои од своите клучни играчи, но не направи премногу проблеми. Родри, кој се пожали на замор по првиот меч со Реал, остана на клупата и не играше.

Добрата вест за навивачите на Манчестер Сити е дека Гвардиола може да се потпре на целиот свој тим. Кајл Вокер и Нејтан Аке се опоравија и беа во тимот за дуелот со Лутон во Премиер – лигата викендов, со Едерсон повторно на голот. Џон Стоунс го пропушти мечот, но неговиот проблем не е сериозен. Во Реал Мадрид подолг период се повредени Тибо Куртоа и Давид Алаба. Аурелиен Чуамени е суспендиран, а настапот на Родриго е под прашалник.

Двата тима веќе подолго време немаат вкусено пораз. Тимот на Пеп Гвардиола последен пат беше поразен на почетокот на декември од Астон Вила. Следуваа 22 победи и 5 нерешени натпревари.
„Кралевите“ се без пораз во последните 15 натпревари во сите натпреварувања. Првата средба меѓу двата тима стави крај на серијата на Сити од 10 последовни победи во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови