Connect with us

ВМФЛ: Беласица убедлива, Кит Го и Победа ремизираа, Гостивар ја изненади Воска

Беласица демонстрираше одлична игра против Детонит и славеше со 4-1 во еден од двата денешни дуели во Втората лига Исток. Спасе Терзиев и Васко Глигоров донесоа предност од 2-0, намали Славчо Јанев на почетокот на втоириот дел, но Беласица го потврди триумфот со головите на Васил Крстев и на Филип Михаилов.

Кит Го и Победа ремизираа 1-1. Љупче Кудев во 51.минута донесе предност за Кит Го, но Победа израмни преку Бојан Спиркоски во 75.минута од дуелот.

На мечот од Втората лига Запад кој се одигра денеска, Воска Спорт беше непријатно изненадена од Гостивар и загуби со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Рони Синани во 58.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови