Connect with us

ВИДЕО: Вардар по повеќе од четири години загуби од Ренова – и тоа како!?

Вардар по повеќе од четири години доживеа пораз во пресметките со Ренова во домашните натпреварувања. И тоа каков пораз. „Црвено-црните“ загубија со убедливи 4-0 од „гипсарите“ во 20. коло од ПМФЛ.

„Вардарци“ последен пат од Ренова во првенството загубија на 22. ноември 2014 година со 3-0, а од тогаш низ цели 15 меѓусебни дуели не знаеја за пораз. Ова е најубедливиот пораз на Вардар од Ренова во историјата.

„Гипсарите“ убедливиот пораз го најавија уште во 9. минута со голот на Рамадани.

Потоа, во 13. минута и Емануел Мбела погоди за 2-0.

Во второто полувреме, во 48. минута Рамадани со својот втор гол на мечот донесе водство од 2-0.

А, во 74. минута Влатко Стојановски со ефектен гол со глава заокружи на 4-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови