Connect with us

Венгер: Англија сега е супер-фаворит за титулата на ЕВРО 2020

Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, е убеден дека Англија сега е прв фаворит за титулата на ЕВРО 2020. Французинот, кој беше на кормилото на „топчиите“ од 1996 до 2018 година, беше импресиониран од играта на селекцијата на Герет Саутгејт на мечот со Украина.


Англичаните славеа со 4-0 во Рим и ќе играат против репрезентацијата на Данска во полуфиналето.

„Тоа беше совршена ноќ за англискиот фудбал. Тие не примија гол, лесно продолжија понатаму, можеа да одморат важни играчи. За да се освои турнирот, потребна е стабилна одбрана”, вели Венгер.

Тој го пофали англискиот селектор Герет Саутгејт.

„Герет успеа да ја направи одбраната цврста и стабилна, а се чини дека ја најде и офанзивната формула. Според мене, тие сега се супер-фаворити за освојување на турнирот“, заклучи Венгер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови