Connect with us

Васоски: Играчите тренираат максимално, штета што не ги доигруваме средбите

Стратегот на Вардар, Александар Васоски, не го крие разочарувањето откако временските непогоди предвреме завршија уште еден меч на „црвено-црните“ на подготовките во Словенија, овојпат против екипата на Ал Аин.

„​„Бевме подобар противник, имавме три стонастотни шанси во првиот дел, но за жал се одигра само едно полувреме. Задоволен сум од тоа како одигравме во тие 45 минути особено по порзот од Горица, и бевме блиску до водство. Меѓутоа ете, натпреварот не се одигра и тоа е на некој начин хендикеп за нас. Се надевам дека на следните два меча ќе биде се во ред“, истакна тренерот на Вардар. 

Севкупно гледано, тој е задоволен од текот на подготовките со исклучок на непредвидените прекини на контролните средби со Дравиња и со Ал Аин.

„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред“, истакна Васоски. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови