Connect with us

Вардар се враќа на „местото на злосторството“, Ренова сака „црвено-црн“ скалп

Вардар се враќа во Тетово, каде пред една седмица беше драстично оштетен против Шкендија, со непризнатиот гол на Филип Најдовски, во дербито за шампионската титула. Сега ривал на „црвено-црните“ ќе биде Ренова, а тренерот Александар Васоски ќе треба да им објасни на своите фудбалери, дека од минатото не се живее. Фокусот треба да им биде на денешната нова битка за бодови.

Ренова извлече бод во последен миг против Работнички во Скопје, па „гипсарите“ се надеваат дека денеска можат да го земат „црвено-црниот“ скалп. Мотивацијата е на максимално ниво, а Ренова секогаш е многу поопасна на домашен терен. 

Ќе биде и интересна тренерска битка. Учителот против ученикот. Никола Илиевски Џиџи своевремено му беше селектор на Александар Васоски во националниот тим. Сега ќе бидат од спротивни страни, на клупите на своите тимови, а искуството секогаш не е пресудно. Некогаш младоста и енергијата се многу попотребни за да се оствари позитивен резултат. 

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА
             

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови