Connect with us

Валон Етеми и Истанбулспор обезбедија место во турската елита

Истанбул доби уште еден клуб во турската Суперлига, а Македонија уште еден претставник во елитното турско друштво. Македонскиот репрезентативец со Истанбулспор обезбеди пласман меѓу најдобрите.


По Фенербахче, Бешикташ, Галатасарај и Башакшехир, следната сезона во елитата ќе настапува и Истанбулспор.


Во финалето на плејофот за пополнување на труската Суперлига, Истанбулспор го совлада Бандирмаспор со 2-1 и со тоа избори место во друштвото на најдобрите.


Херој на Истанбулспор беше Јилмаз со двата гола во 33. минута и деветтата минута од судиското продолжение од првото полувреме. Валон Етеми имаше одлична асистенција за првиот гол на Јилмаз.

За Бандирмаспор голот го постигна Кени во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.


Бандирмаспор заврши на третото место во регуларниот дел од сезоната, го елиминира Ејуспор во полуфиналето на плеј-офот, додека Истанбулспор заврши на четвртото место во лигата и го исфрли Ерзурум во полуфиналето на плеј-офот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови