Connect with us

Тухел го сака Маркињос на “Стемфорд бриџ”

Европскиот првак Челси сака да одбрани европската круна, но исто така и да го нападне трофејот во Премиер – лигата следната сезона. Менаџерот Томас Тухел има желба да го доведе Ерлинг Халанд, но исто така и квалитетно засилување во одбраната.

Бразилецот Маркињос, кој е столб во одбраната на ПСЖ, е огромна желба на Тухел. Тој сака да го спои повторно бразилскиот тандем Маркињос – Тијаго Силва, но сега во дресот на Челси.

Лондонскиот клуб е подготвен да плати 60 милиони евра за Маркињос, но, сепак, ќе биде тешка мисија да добие дозвола за трансфер од ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови