Connect with us

Триумф без примен гол: Шкендија ја победи и Варта Познањ

Македонскиот прволигаш Шкендија оствари триумф од 1-0 против полскиот тим Варта Познањ на подготовките во Анталија. Се работи за еден од покалитетните тимови во елитата на Полска, а тоа значи дека составот на Јетон Беќири поседува несомнен квалитет.


Шкендија прикажа добра игра, а славеше со голот на Ералдо Чинари во 16.минута.


Одбраната на Шкендија делува цврсто, ова е трет меч без примен гол, а воедно и трет триумф.


Шкендија ги победи Скопје (6-0), Динамо Батуми (2-0) и Варта Познањ (1-0).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови