Македонскиот репрезентативец Енис Барди дефинитивно ќе си замине од Трабзонспор оваа зима, ако може да им се верува на турските медиуми. Актуелниот тренер, Абдула Авчи, како што пишува „Фанатик“, планирал големи промени во тимот, а наводно во неговите планови нема место за шестмина фудбалери. Меѓу нив, се најавува и заминувањето на Барди.
Капитенот на македонскиот национален тим се споменува како ново засилување за германскиот бундеслигаш Унион Берлин, каде сега тренер е Ненад Бјелица, хрватскиот стратег кој претходно го водеше Трабзонспор.
Турските медиуми тврдат дека Авчи ги отпишал Филип Бенковиќ, Хоакин Фернандез, Димитриос Курбелис, Умут Бозок, Страјгер Ларсен и Енис Барди.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski