Connect with us

Тренчовски: Добро се познаваме со Македонија ЃП, ќе биде интересен меч

Во редовите на Академија Пандев посакуваат победа на гостувањето против Македонија ЃП во Скопје во денешниот натпревар од 28. коло во ПМФЛ со која би се продолжил нападот на втората позиција на табелата.. Меч кој претставува еден вид увертира на двете екипи пред финалето кое ги очекува во Купот на Македонија.

„Добро се познаваме со Македонија ЃП. Ги почитуваме како тим три пати игравме сезонава против нив и забележавме две победи и еден пораз. Нема да калкулираме на мечот во недела, одиме на победа за да го осигураме третото место на табелата кое води во Европа“ – вели тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Но, во три бода веруваат и „лавовите“…

„Високо мотивирани и со одлична атмосфера во соблекувалната го очекуваме дуелот против Академија Пандев. Како увертира на големото финале во Купот на Македонија, да го исполниме стадионот до последно место и со заеднички сили, лавовски да освоиме нови три бода во борбата за позиција погоре на табелата во домашното првенство“ – истакнуваат од таборот на Македонија ЃП.

ПМФЛ – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Standings provided by Sofascore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови