Connect with us

Тотенхем веќе ја пронајде замената на Хари Кејн

Англискиот репрезентативец Хари Кејн е блиску до заминување од Тотенхем ова лето по цели десет години минати во клубот. Како една од опциите се споменува Баерн Минхен, иако во трката се приклучи и ПСЖ.


Тотенхем веќе ја подготвува неговата замена. Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, кој е првата опција за замена на англискиот центарфор, би можел да замине од Бундес – лигата во Англија.


Светскиот вицешампион со Франција се поврзуваше и со Реал Мадрид. Сепак, тој трансфер не се оствари.


Доаѓајќи од Нант во клубот од Франкфурт во 2022 година, тој одигра 46 натпревари за Ајнтрахт и постигна 23 гола со 17 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови