Connect with us

Торино бара 50 милиони евра за Бремер, па Интер ќе почека со трансферот до јануари

Калчолигашот Торино побара од Интер 50 милиони евра за дефанзивецот Бремер. Сепак, „нероаѕурите“ не се подготвени да ја платат оваа сума и ќе почекаат до јануари со оглед дека Бразилецот има посебна клаузула во договорот што му овозможува да ги напушти „биковите“ за 15 милиони евра во зимскиот преоден рок.


Пред неколку месеци Бремер го продолжи договорот до јуни 2024 година. На овој начин си заработува поголема плата, а Торино доби гаранција дека ќе може да го продаде за сериозна сума. Претседателот на клубот Урбано Коиро е свесен дека нема начин да го задржи Бразилецот, но се надева дека ќе го продаде што попрофитабилно.

Ситуацијата околу Бремер ја следат и Јувентус, Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Сепак, фудбалерот сака се пресели во Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови