Connect with us

Томас Парти се враќа во составот на Арсенал

Фудбалерот за врска на Арсенал, Томас Парти, се врати на тренинзите на тимот откако ја надмина повредата на бутниот мускул. Се очекува тој да биде во составот на Микел Артета на саботниот натпревар од ФА купот на Англија против Њукасл. 

„Многу ни недостигаше. Тој му носи многу добри работи на тимот, Парти е фудбалер со одлични квалитети и може да го трансформира средниот ред на Арсенал во многу поинаков тим“, изјави Микел Артета. 

Томас Парти одигра шест натпревари за Арсенал во сезоната 2020/21, пет од нив во Премиер – лигата. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови