Connect with us

Тодоровски: Можеме до успех против Струга ТЛ

Шампионот Струга Трим Лум доаѓа на арената „Тодор Проески“, а Работнички сака да излезе од непријатната низа од два последовни порази и да освои бодови против лидерот. Составот на Гоце Седлоски сега веќе е во долниот дел на табелата, па ќе мора соодветно и да реагира.


Фудбалерот за врска Димитар Тодоровски верува дека „романтичарите“ можат да стигнат до успех.


„Нѐ очекува нов дуел со Струга Трим Лум. Покажавме дека можеме да одиграме квалитетно против шампионот во првото пролетно коло. Сега влеговме во третата фаза од шампионатот, секој натпревар е многу важен, а ние сакаме да се вратиме во позитивен ритам по двата порази едноподруго. Верувам дека ќе бидеме на ниво и дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел“, изјави Тодоровски.


Мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички е закажан од 15 часот и го заокружува 24.коло од Првата фудбалска лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови