Очекувајќи ја максимално амбициозно новата сезона во Втората лига – Исток, ФК Тиквеш ги доведе и првите две засилувања. Кавадарчани за престојната сезона се засилија со голманот Благојче Иванов и десното крило Димитар Иванов.
20-годишниот Благојче Иванов е поранешен чувар на мрежата на Силекс и Металург, а 24-годишниот Димитар Иванов претходно во својата кариера настапувал за Вардар, Тетекс, Металург, Силекс, Еуромилк ГЛ, Кожуф.
Тиквеш, притоа, ја продолжи соработката за уште една година и со двајца досегашни свои фудбалери, голманот Александар Игески и дефанзивецот Дарко Илиески.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski