Напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, поранешен македонски репрезентативец, доживеа сериозна повреда уште на почетокот од дербито со Вардар, во првата минута. Тој доби топка по десната страна и без дуел падна на тревата. Веднаш беше јасно дека нема да може да го продолжи натпреварот.
Првичните информации не се оптимистички. Влатко Стојановски најверојатно ја скина тетивата и го очекува долга пауза.
Тој беше изнесен на носилки од теренот, а ќе биде префрлен и во болница на детални лекарски прегледи.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement