Connect with us

Тернана е заинтересирана за Илија Несторовски

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е цел на италијанскиот второлигаш Тернана. Членот на Серија Б посакува искусен напаѓач, а тренерот Кристијано Лукарели проценил дека Несторовски би бил одлично решение.

Илија Несторовски веќе седум години е во Италија, првите три сезони настапуваше за Палермо, а потоа одработи четиригодишен договор со Удинезе.

Покрај Тернана, за него интерес покажува и Козенца.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови