Connect with us

Тен Хаг: Ако ги пропуштиме шансите за победа, не значи дека треба да загубиме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, ги објасни причините за поразот од Брајтон, кој дојде во финишот на средбата. Алексис Мекалистер го постигна победничкиот гол од пенал длабоко во судиското надополнување од дуелот.


Според Тен Хаг, бројните пропусти пред голот на домаќините ги чинеа „црвените ѓаволи“ барем бод од овој натпревар. Холанѓанецот сепак изрази надеж дека „сѐ е во нивни раце“ и тимот ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите за новата сезона.

„Требаше да бидеме поефикасни при шансите што ги имавме во првото полувреме. На крајот примивме гол, што е недозволиво. Немавме среќа и затоа што немаше фаул, од кој излезе корнерот, па центаршутот и пеналот. Немаше време да се реагира и тоа мора да го направиме в недела. Имавме јасни можности да постигнеме гол. Одлични можности, мораше да ги искористиме. Треба само да останеме фокусирани. На крајот на краиштата, ако не можете да победите затоа што ги пропуштате вашите шанси, тогаш не го губете натпреварот. Сепак, сѐ е во наши раце и треба да реагираме како што треба на следниот натпревар“, изјави Ерик Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови