Connect with us

Тажна вест од Италија: На Киево му се заканува згаснување

До неодамна беше фудбалски прволигаш во Италија, а сега Киево се соочува со гаснење по 92 години постоење, бидејќи ниту еден заинтересиран инвеститор не се јави да го преземе управувањето со клубот кој се најде во финансиски проблеми за време на пандемијата на коронавирус.


Киево, кој го загуби својот прволигашки статус по сезоната 2018/19, ги помина изминатите две сезони во Серија Б и заврши на врвот на табелата.


По завршувањето на минатата сезона, на површина излегоа финансиските проблеми на клубот, како и фактот дека до неодамна претседателот Лука Кампедели со години избегнувал да плаќа данок, па Киево испадна во четвртата лига.


Сепак, според зборовите на долгогодишниот капитен на клубот, Серџо Пелисие, кој во моментов е директор на клубот, никој не е заинтересиран да инвестира, а рокот за наоѓање нов сопственик е 24 август.


Доколку Киево не најде спасител до тој датум, клубот нема да има право да игра ниту меѓу аматерите во новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови