Connect with us

Стојчев: Мора да одиграме перфектно ако сакаме победа над Лехија

Тимот на Академија Пандев утре (17 часот) го игра реванш мечот против Лехија Гдањск во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Поразот (1-4) од Полска не дава големи шанси за пласман во следната рунда, но Академија Пандев се надева на победа барем на утрешниот меч.

“Лехија Гдањск е многу силен тим, имаме огромен респект, но се надеваме дека ќе дојдеме до успех на утрешниот натпревар. Имаме проблеми со повреди, нема да играат Марко Ѓорѓиевски, Коста Манев и Бојан Димоски, но се надеваме дека ќе го надоместиме тоа со тимски дух”, изјави тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев.

Мечот е закажан за утре, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови