Connect with us

Спортинг Лисабон ја одбрани титулата во Португалија

Фудбалерите на Спортинг Лисабон по 20. пат во својата историја станаа шампиони на Португалија.

Избраниците на тренерот Рубен Аморим ја одбранија титулата во својата татковина, откако Бенфика синоќа загуби со 2-0 на гостувањето кај Фамаликао и остана без шанси да ги надмине „зелено-белите“ кои имаат осум бода предност пред последните две рунди.

Головите за Фамаликао ги постигнаа Пума во 71. минута и Зајда Јусуф на пет минути пред крајот на натпреварот.

Најзаслужен за одбраната на „круната“ на Спортинг Лисабон е фантастичниот напаѓач на „лавовите“ Швеѓанецот Виктор Ѓокереш, кој е најдобар стрелец во шампионатот со 27 постигнати голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови