Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски не е веќе член на Хапоел Тел Авив. Тој денеска спогодбено го раскина договорот со израелскиот прволигаш. Во периодот на глобална криза поради коронаворусот и прекин на првенството на Израел, македонскиот интернационалец одлучи дека за него најдобро е да стави крај на авантурата во Хапоел Тел Авив.
Спировски дојде во израелскиот тим летото 2019 година, имаше одлични настапи, но, сепак, побара раскин на договорот од објективни причини.
Стефан Спировски ја почна кариерата во Пелистер, играше за Борац Чачак, беше на позајмица кусо во Работнички, настапуваше за бугарскиот Берое, се афирмираше како реппрезентативец во дресот на Вардар, а потоа две години настапуваше и за унгарскиот Ференцварош. За репрезентацијата на Македонија има 31 настап.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski