Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски утре со Динамо Загреб ќе има нов голем предизвик, реванш натпреварот против Вилјареал во четвртфиналето на Лигата на Европа. Хрватскиот тим го загуби првиот меч на „Максимир“ со 0-1, но Стефан Ристовски верува дека тој и соиграчите можат да возвратат на утрешниот реванш.
„Најголем мотив за нас е победа со која би можеле да се пласираме во полуфиналето. Знаеме каков тим е Вилјареал, но и ние сме добар тим. Мораме да одиграме сериозно и да влеземе во мечот со ладни глави“, изјави Стефан Ристовски.
Тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар, соопшти дека ќе настапи и Аријан Адеми, кој неодамна заработи непријатна повреда.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski