Connect with us

Србите го напаѓаат Лисабон: Само триумф над Португалија ги води на мундијалот

Фудбалската репрезентација на Србија вечерва (20.45 часот) го игра решавачкиот натпревар за пласман на Светското првенство. Србите одат на мегдан против Португалија во Лисабон, директен дуел за учество на мундијалот.


Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси е полн со самодоверба пред овој натпревар.

„Од почетокот на квалификациите почнавме со еден стил, нема причина да ја менуваме формацијата во последниот натпревар. Се почитуваме, негуваме атрактивен и напаѓачки фудбал. Нашата идеја не е да се прилагодиме на Португалија, туку преку добра игра да дојдеме до резултатот што ни е потребен, изјави Стојковиќ.

Тој истакна дека Португалија има предност, но дека Србија е дојдена да победи.

„Португалија има голема предност од две причини: ќе биде домаќин и има можност со реми да стигне до Катар. Србија дојде да победи и да оди на Светското првенство Португалија сигурно нема да игра за нерешено. Поеќе од 50.000 луѓе нема да дојдат да ги гледаат, а тие да калкулираат и да бараат само бод. Португалија не е таква репрезентација, а ниту Србија. Во Лисабон се среќаваат единствените две непоразени селекции во овие невообичаено брзи и мини квалификации. Дојде време да видиме кој е подобар, потенцира српскиот селектор.

Португалија и Србија се израмнети на табелата со по 17 бода, но селекцијата на Кристијано Роналдо има за нијанса подобра гол – разлика, а тоа им овозможува и со реми да обезбедат директен пласман на СП.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови