Connect with us

Шок за Реал пред Ливерпул и пред Барса: Рафаел Варан позитивен на Ковид-19

Одбраната на Реал Мадрид ќе биде дополнително ослабена на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул, но и на реваншот, како и на претстојното „Ел Класико“ откако Рафаел Варан доби позитивен тест на Ковид-19. Тој е изолиран од тимот и нема да настапува најмалку две седмици.

Ако се знае дека и капитенот Серхио Рамос е отсутен поради повреда, тогаш јасно е дека Зинедин Зидан ќе има големи проблеми во клучниот дел од сезоната.

Начо и Милитао се единствените опции за Зидан на стоперските позиции. Ќе го нема и Дани Карвахал, а Зидан ќе мора да се служи со изнудени решенија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови