Лидерот Шкупи ја освои Автокоманда победувајќи го Скопје со 1-3 во тензичен меч во кој домаќините останаа без двајца фудбалери кои беа исклучени. Поради два жолти картони во второто полувреме беа исклучени стоперите Зепата и Најдоски.
Шкупи поведе со голот на Фреди Алварез во седмата минута, но Скопје израмни со автоголот на Чешмеџиев вои 44.минута. Сепак, Фаустин Сенгор во 56.минута постигна гол за предност која на крајот беше потврдена со погодокот од пенал на Алварез во судиското продолжение од мечот.
Шкендија со многу мака го совлада Пелистер со 2-1. Виктор Нилдо Јуфо во 44.минута постигна гол за водство на гостите, но тетовци направија пресврт во вториот дел. Синдрит Гури израмни во 48.минута, а Јан Кривак во 86.минута се погрижи за целосен пресврт. Пелистер од 76.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Филип Бошковски.
Борец и Македонија ЃП ремизираа 1-1. Крста Ѓорѓевиќ во 36.минута обезбеди предност за велешани, а Абу Камара израмни во 67.минута од мечот.
Академија Пандев и Брегалница ремизираа без голови. Многу борба, по еден црвен картон на двете страни, но и без голови. Фарук Бихорац во 31.минута беше исклучен во домашниот тим, а пред крајот на полувремето му се придружи и Дарко Додев од редовите на Брегалница.
Струга Трим Лум и Тиквеш исто така ремизираа без голови. Вчера, немаше голови и на мечот Работнички – Ренова.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ, 16.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2-1
СКОПЈЕ – ШКУПИ 1-3
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 0-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ 0-0
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski