Довчерашниот фудбалер на литвански Жалгирис, Мевљан Адили e најновото засилување на Шкупи за европските настапи ова лето, по вчерашниот ангажман на тројцата Сенегалци.
25-годишниот Адили, кој игра на централната дефанзивна позиција, по само шест месеци ја заврши соработката со Жалгирис па се договори веднаш за трансфер во редовите на прволигашот од Чаир.
„Задоволство за мене е што повторно сум во Шкупи каде верувам во новата сезона ќе ги реализираме заедничките амбиции“ – истакна Адили по денешната промоција во старо-новиот дрес.
Претходно во својата кариера Адили има настапи и за романски УТА Арад, како и за тетовска Шкендија. За Шкупи настапуваше и во периодот од јули 2015 година до јануари 2017 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski