Повремениот македонски репрезентативец Влатко Стојановски заминува од Шкендија. Тој го раскина договорот, потврди и клубот.
„Шкендија информира дека ја раскина соработката во заеднички договор со напаѓачот Влатко Стојановски. Му благодариме на Стојановски за неговиот ангажман во црвено-црниот дрес, посакувајќи му се најдобро во иднина“, соопштија од Шкендија.
Напаѓачот би можел брзо да се приклучи на друг клуб во Македонија, а води преговори со актуелниот шампион Шкупи.
Стојановски во Шкендија дојде во 2022 година,а претходно играше за Металург, Ренова, Ним, Шамбли, Горица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski