Connect with us

Шкендија го засилува нападот: Аденис Шала потпиша за шампионот

Македонскиот првак Шкендија реагира на трансфер маркетот откако очајно ја стартуваше сезоната. Во Европа доживеа максимален број порази, а се уште нема победа ниту по три кола во македонскиот шампионат.


Токму затоа, Аденис Шала е ново засилување за Шкендија. Тој потпиша едногодишен договор со Шкендија со можност за продолжување на уште три години.


Во кариерата има играно за Хајдук Сплит, беше дел од Фенербахче, а сега доаѓа од косовскиот шампионат, каде што беше дел од тимот на Трепча ’89.


Аденис Шала е крилен напаѓач, но кој може да игра и на позицијата офанзивен играч за врска.


„За мене е голема чест да бидам дел од Шкендија. Ќе дадам се од себе за тимот да бележи успеси и да имаме радости со навивачите“, изјави Аденис Шала по потпишувањето на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови