Connect with us

Шевченко: Ова е подарок за украинската нација

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, е пресреќен од пласманот на неговата селекција во четвртфиналето на Европското првенство. Синоќа Украина успеа да оствари драматична победа над Шведска (2-1) по продолженија. Артем Добвик букално пред пеналите, во 120.минута, постигна победнички гол за Украинците.

Селекторот Андриј Шевченко порача дека ова е подарок за украинската нација, а фудбалерите со одличната игра ја заслужиле љубовта на целата земја.


„Со неверојатната игра и залагањето, нашиот тим ја заслужи љубовта на целата земја. Планот што го подготвивме функционираше, а знаевме дека не очекува еден тежок натпревар. Се обидовме да го контролираме натпреварот, но на моменти Шведска беше навистина одлична. Двете селекции не сакаа да загубат, се играше цврсто, а ние имавме повеќе желба и храброст во заврницата. Ова е подарок за украинската нација, фудбалерите се херои и ја заслужуваат љубовта на сите нас“, изјави Андриј Шевченко.


Украина е единствената селекција од групата Ц каде настапуваше и Македонија која се пласира во четвртфиналето на Европското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови