Connect with us

Серијата голови на Тричковски продолжи, АЕК Ларнака лидер на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува да ги тероризира противничките голмани на Кипар. Тој го постигна својот осми гол оваа сезона и придонесе за нов триумф (1-2) на АЕК Ларнака на гости против Анортозис.

Тричко погоди од пенал во 35.минута, неговиот соиграч Дербишаер зголеми на 0-2 во 50.минута, а Анортозис постигна почесен гол исто така од пенал преку Кристодулопулос во судиското продолжение од дуелот.

По седум одиграни кола, АЕК Ларнака е првопласиран на табелата во првенството на Кипар, без пораз и 17 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови