Connect with us

Седлоски: Шкупи треба да биде најдобриот досега за да ја победиме Санта Клара

Македонскиот вицепрвак Шкупи по елиминацијата на косовскиот Лапи, сега има многу потежок противник пред себе во Конференциската лига на УЕФА. Во втората рунда се среќава со португалскиот тим Санта Клара, а првиот дуел е закажан за вечерва (20 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.


Тренерот Гоце Седлоски очекува дека тимот ќе го одигра најдобриот меч оваа сезона затоа што само така може да дојде до успех против Португалците.


„Сакаме да одиграме еден квалитетен натпревар и да ги израдуваме нашите навивачи со нов успех. Санта Клара е квалитетен тим, играат брзо и агресивно, но и ние имаме свои адути за оваа пресметка. Сакам да играме фајтерски, меѓутоа ќе мораме да бидеме и внимателни. Санта Клара има одличен индивидуален квалитет во тимот. Сепак, мислам дека се ќе зависи од нивото на нашата игра. Знаеме дека треба да бидеме уште подобри од претходните натпревари на европска сцена“, вели Гоце Седлоски.


Мечот меѓу Шкупи и Санта Клара ќе се одигра вечерва (20 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а ќе го суди Каи Ерик Стин од Норвешка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови