Connect with us

Се јави Златан: Меси е трипати подобар од Нејмар, а десет пати поголем од ПСЖ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој во кариерата играше за Пари Сен Жермен, во свој стил прокоментира за трансферот на Лионел Меси од Барселона.


„Мислам дека Меси направи правилен избор со изборот на број на дрес. Покажа дека трипати е подобар од Нејмар. ПСЖ не го потпиша Меси, туку обратно, Лео потпиша за клубот. Погледнете што има постигнато Меси во кариерата. Може ли да се направи споредба со ПСЖ? Тој е десетпати поголем од ПСЖ“, порача Ибрахимовиќ кој е втор најдобар стрелец во историјата на клубот.


Ибрахимовиќ го носеше дресот на ПСЖ од 2012 до 2016 година и даде 156 гола на 180 меча, притоа освојувајќи три шампионски титули во француското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови