Connect with us

Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Мохамед Салах ќе остане во Ливерпул и ќе го продолжи договорот со клубот. Тој ќе попушти во дел од барањата и ќе му овозможи на раководството да му понуди тригодишен договор за обновување на соработката.


Египќанецот со месеци води преговори со Ливерпул, а Барселона, ПСЖ и Јувентус се обидуваат да го убедат да ја напушти Премиер – лигата. Сепак, според најновите информации, тоа нема да се случи.

Салах во Ливерпул пристигна во летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра. За Ливерпул одигра 240 натпревари и постигна 153 гола, зачинети со 57 асистенции. Ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и титулата шампион на Англија во 2020 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови