Connect with us

Рубен Бараха ќе ја спасува Валенсија

Шпанскиот стратег Рубен Бараха е назначен за нов тренер на Валенсија, соопшти клубот. Раководството на „лилјаците“ му даде отказ на Италијанецот Џенаро Гатузо, кој претходно го водеше тимот.


Последното работно место на Бараха беше во Сарагоса. Тој беше тренер и на Елче, Рајо Ваљекано, Спортинг Хихон и на Тенерифе.

Поранешниот играч од средниот ред го одигра најголемиот дел од својата фудбалска кариера во Валенсија, освојувајќи го шпанското првенство двапати. Тој освои трофеи и во шпанскиот Куп, Купот на УЕФА и Суперкупот на УЕФА.

Валенсија се наоѓа на 18. позиција во Ла Лига со 20 бода од 21 натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови