Connect with us

Рома дојде на четвртото место по триумфот над Сампдорија (ВИДЕО)

Рома минимално победи Сампдорија со 0-1 во Џенова, но сосема доволно за да освои три бода и со 22 да се искачи на четвртото место во Серија А. Тимот на Жозе Мурињо се е во зоната за пласман во Лигата на шампионите и има негатива од четири бода во однос на Наполи. 


Дејан Станковиќ сепак ќе треба уште да учи за да го достигне Жозе Мурињо, еден од неговите омилени учители, со кој освои троја круна како играч во Интер.


Лоренцо Пелегрини од пенал го постигна единствениот гол за Рома на овој натпревар. Тој стрелаше во деветтата минута од дуелот.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови