Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, изјави дека не ни замислувал некогаш во кариерата ќе биде во улога на противник на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тој како дете на Вардар порасна на овој стадион, а синоќа со Динамо Загреб играше против Шкупи.
Хрватскиот тим побди со голот на Аријан Адеми и се пласира во следната рунда од квалификациите во ЛШ.
„Уште како дете додека бев во Вардар знаев што значи Динамо, а не ни замислував дека со Динамо ќе играм на овој стадион каде што пораснав и дека ќе бидам противник. Сепак, драго ми е што победивме и обезебедивме пласман понатаму“, изјави Ристовски по мечот.
Тој истакна дека Шкупи беше тежок противник и во двата меча.
„Шкупи е цврста екипа, која игра во два блока и која чека на контранапад, а имаат опасни и брзи напаѓачи. Денеска во фудбалот нема лесни противници, а знам како на Динамо се гледа на овие простори. Шкупи е првак на Македонија и немаше што да изгуби. Влегоа со полн ангажман, но за нас е најважно дека поминавме во следното коло“, дополни Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski