Ренова ја очекува тешка битка против Силекс денеска од 16 часот во Тетово, во 30.коло од Првата македонска фудбалска лига. Последна, се чини, шанса за „гипсарите“ со три бода да фатат приклучок во трката за четвртата позиција на табелата која може да носи европски излез.
Но, натпревар кој е од огромно значење и за Силекс во битката за опстанок во прволигашката конкуренција.
„Ренова е меѓу четирите најдобри екипи во првенството заедно со Шкендија, Вардар и Академија Пандев. Играат убав напаѓачки фудбал. Секогаш одат на гол повеќе. Натпреварите кои ги загубија, ги загубија поради недостиг на среќа, а беа подобри противници. Тие ќе бидат фаворити бидејќи играат на домашен терен. Сепак, моите играчи ќе дадат максимум и се надевам дека на крајот ќе успееме да стигнеме до бодови, кои ќе ни помогнат во борбата за опстанок“ – вели тренерот на Силекс, Горан Симов.
ПМФЛ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski