Connect with us

Ренато Санчес го засилува ПСЖ

Португалецот Ренато Санчес ќе биде ново засилување на Пари Сен Жермен. Тој одлучи да дојде во Париз, иако имаше долги преговори и со италијанскиот првак Милан.

Португалецот беше првата желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, од првиот ден на летниот преоден рок. За неговото доаѓање „светците“ отворија простор со заминување на Идриса Гана Геј и на Џорџинио Вајналдум.


Геј треба да се врати во Евертон, а Вајналдум речиси сигурно ќе оди на позајмица со право на откуп во Рома.
Санчес одигра брилијантно во Франција во дресот на Лил, а сега ќе се пресели во редовите на актуелниот шампион ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови