Connect with us

Реал Мадрид му нуди четиригодишен договор на Алаба и 10 милиони евра по сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е блиску до ангажман на австрискиот интернационалец Давид Алаба од Баерн Минхен. Преговорите се при крај и се очекува конечен „дил“ откако раководството на „кралевите“ на левиот бек на Баерн му понуди четиригодишен договор и 10 милиони евра по сезона.

Тој би дошол на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната како слободен агент. Давид Алаба има огромна желба да го носи дресот токму на Реал Мадрид, со оглед дека на Баерн Минхен му бараше годишна плата од 20 милиони евра, а одби и поголема понуда од Манчестер Сити. 

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови