Connect with us

Реал Мадрид го договорил трансферот на Џуд Белингем: Борусија Дортмунд добива 150 милиони евра

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го договорил трансферот на англискиот репрезентативец Џуд Белингем, еден од најталентираните фудбалери од средниот ред во светот. 19-годишниот играч за врска имал желба единствено да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и да го носи дресот на Реал, иако е еден од најбараните играчи и за него има интерес од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ…

Белингем треба да потпише шестогодишен договор, а Борусија Дортмунд ќе добие најмногу 150 милиони евра. Од нив 100 милиони се загарантирани, а останатите 50 милиони евра би се трансферирале низ разни бонуси, во зависност од успесите што би ги имал фудбалерот со „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови