Слабата сезона на Реал Мадрид досега е на пат да доведе до големи промени на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Според информациите на шпанското издание „Релево“, плановите на раководството за мирна и контролирана селекција доживеале целосен пресврт.
Се очекуваше „кралевите“ да направат само еден поголем чекор со доведување на Трент Александер-Арнолд како слободен агент, но неубедливите настапи во првенството и Европа ја промениле стратегијата.
Мадриѓаните повторно го насочиле вниманието кон две добро познати имиња, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и левиот бек на Џирона, Мигел Гутиерес. Првиот е сериозен кандидат за засилување на средниот ред, особено доколку Чаби Алонсо го преземе тренерското место од Карло Анчелоти. Зубименди се смета за играч од типот што Алонсо го сака и добро го познава.
Што се однесува до Гутиерес, Реал има можност да го врати за 8 милиони евра, благодарение на специјална клаузула вклучена при неговиот трансфер во Џирона. Клубот сè уште нема донесено конечна одлука, но можноста за враќање на 22-годишниот лев бек останува реална.
Меѓу новите имиња што се поврзуваат со трансфер во клубот е и голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, а во клубот размислуваат и за уште најмалку четири нови засилувања, вклучително и централен дефанзивец, десен бек и уште еден играч од средниот ред.
Во моментов нема потврда за ниту еден трансфер, но трендот е јасен – Реал Мадрид се подготвува за многу посериозен трансферен прозорец од очекуваното.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













