Оскар (34), бразилскиот играч од средниот ред на Сао Паоло и поранешна ѕвезда на Челси, е хоспитализиран откако колабирал за време на лекарски тест во тренинг-центарот на клубот. Од клубот соопштија дека кај него се појавиле неправилности во срцевиот ритам, но дека неговата состојба е стабилна.
Инцидентот се случил во вторникот за време на тест за физичка издржливост, кој бил дел од неговото враќање по повреда на мускулот. Оскар се срушил додека возел статички велосипед, а медицинскиот тим интервенирал веднаш на лице место. Потоа бил пренесен во болница на дополнителни прегледи. Клубот потврдил дека се работи за кардиолошки неправилности. Играчот е под медицински надзор, а резултатите од понатамошните испитувања ќе го одредат темпото и можноста за негово враќање на тренинзите.
Ова не е првпат да му се случува вакво нешто. Во август биле забележани мали неправилности во работата на срцето додека се опоравувал од фрактура на ‘рбетот. Тогаш лекарите му дозволиле да ја продолжи кариерата, а самиот играч изјави дека ќе се повлече ако се покаже дека срцето му е во ризик. Затоа сега е неизвесно дали ќе продолжи да игра професионално.
Бразилските медиуми потврдија дека тој размислува да го раскине договорот кој трае до декември 2027 година. Според блиски извори, Оскар е подготвен да ја заврши кариерата. Од враќањето во Сао Паоло во 2024 година, по дванаесет години во странство, неговиот напредок го забавија повреди на колкот, бутот и листот. Досега одиграл 21 натпревар и постигнал два гола.
Оскар во 2011 година го освои Светското првенство за играчи до 20 години, со Челси двапати беше шампион на Англија, а во 2017 година со трансферот во Кина вреден 60 милиони евра стана еден од најплатените фудбалери во светот. За репрезентацијата на Бразил настапи на Светското првенство 2014 година, со 48 настапи и 12 постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













