Хари Кејн е трансферна цел на Барселона, потврди британскиот „Гардијан“. Престижниот весник ексклузивно откри дека Кејн е прв избор за наследник на Роберт Левандовски, кој на лето ќе ја напушти Каталонија по истекот на договорот.
Барселона сака на ист начин да го донесе и неговиот наследник од Баерн Минхен, една година пред истекот на договорот. „Гардијан“ открива дека откупната клаузула на Кејн изнесува 65 милиони евра и дека Барселона е подготвена да го донесе.
Кејн е пет години помлад од Левандовски, оваа сезона продолжува да блеска во дресот на Баерн и се чини дека и натаму е еден од најдобрите во Европа.
Сè уште не преговарал со Баерн за продолжување на соработката, а доколку на вратата чукне Барселона, можна е негова желба за заминување по три години.
Кејн во Баерн Минхен пристигна летото 2023 година за 95 милиони евра и досега одиграл 113 натпревари, со импресивен ефект од 108 голови и 29 асистенции.
Нема дилема дека Кејн е најдоброто решение за Барса наместо Левандовски, ако се земе предвид дека играчи како Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез се недостижни за каталонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













