Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, како “загревање” за најважниот квалификациски дуел, гостувањето против Велс во Кардиф.
Нема калкулации, а кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто.
“Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, за тоа нема никаков простор. Ќе се обидеме да испробаме и тактички и физички во каква состојба сме. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш носи позитивна атмосфера. Секој натпревар е важен, но сакам да ја видам пошироката слика на Македонија и за во иднина. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари. Секако дека одиме на победа”, вели селекторот Благоја Милевски.
Дарко Чурлинов вели дека атмосферата во репрезентацијата е одлична.
“Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија, а потоа ќе расмислуваме и за квалификацискиот натпревар против Велс”, истакна Чурлинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













