Тензијата во Реал Мадрид по судирот меѓу Чаби Алонсо и Винисиус Жуниор продолжува да се зголемува. Бразилското лево крило му порача на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека веќе не може да се разбере со шпанскиот тренер и изјавил: „Или јас, или тој!“
Ако наследникот на Карло Анчелоти остане на клупата, тогаш играчот на „кралскиот клуб“ ќе одбие да го продолжи својот договор, кој истекува во 2027 година.
Сериозниот конфликт што избувна за време на дербито со Барселона создал непоправлив јаз меѓу Алонсо и Винисиус. Официјалното соопштение во кое бразилската ѕвезда се извини на навивачите и соиграчите, но не и на тренерот, јасно покажа дека нивните патишта тешко дека ќе се вкрстат повторно на долг рок.
Иако Флорентино Перез се обидел да посредува во конфликтот, закажувајќи средба лице в лице во канцеларијата на Чаби Алонсо, помирувањето очигледно доживеало целосен неуспех, по што Винисиус останал на цврста позиција и го предупредил претседателот на лидерот во Ла Лига.
Подновувањето на договорот на „седумката“ на Реал Мадрид е една од најконтроверзните теми во клубот во моментов. Флорентино Перез сака тој да остане уште многу години на „Сантијаго Бернабеу“, каде што израсна и ја изгради својата кариера.
Според шпанските медиуми, Винисиус Жуниор се навредил затоа што Алонсо не го почитува неговиот ѕвезден статус, што и го поттикнало разговорот со Флорентино Перез. Таму тој наводно побарал отпуштање на тренерот.
Во случај претседателот да застане на страната на шпанскиот тренер, Бразилецот нема да го продолжи договорот. Тоа значи дека Винисиус Жуниор може да го напушти Реал Мадрид како слободен агент во 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













