Македонската фудбалска репрезентација од 21 година во Охрид се подготвува за претстојните два натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Во овој циклус избраниците на селекторот Горан Станиќ ќе одиграат два меча и тоа на домашен терен. Прв противник в четврток е Шведска, а пет дена подоцна следува соочувањето со Полска.
„Очекувам два тешки натпревари, но играме дома и тоа многу значи. Ќе дадеме сè од себе да ги искористиме шансите и да освоиме бодови пред нашата публика. Мислам дека одигравме коректно, имаше добри делови во нашата игра, но и моменти кога не реагиравме најдобро. Сепак, покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да се носиме со секоја екипа. Можевме да освоиме повеќе бодови, но за жал на тие натпревари не ги искористивме шансите. Правевме грешки кои противниците ги казнуваа. Ќе работиме на тоа, важно е да учиме и да напредуваме од секој натпревар”, изјави Димитар Трајков
Двата натпревари се играат во Битола, а почетокот е закажан за 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













