Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за првиот од двата дуели што ќе ги одиграме во следниве десет дена.
Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери в четврток ги очекува контролниот меч со Летонија.
„Без разлика што натпреварот против Летонија не е во рамките на квалификациите ние сакаме да победиме. Дуелот в четврток е сосема различен во она што не очекува на гостувањето во Кардиф, но мечот со Летонците е одлична проверка во пресрет на најважниот натпревар во оваа година”, изјави Тихомир Костадинов.
Оваа селекција веќе има искуство во играње на клучни натпревари во одредувањето на редоследот на табелата во некој квалификациски циклус или настап во Лигата на нации.
Според моменталната ситуација се чини дека на натпреварот во Кардиф ќе ни треба најмалку бод за потврда на втората позиција која ни носи пласман во баражот за учество на Светскиот шампионат.
„Без разлика на резултатот на Велс на гостувањето против Лихтенштајн, ние во последниот натпревар во квалификациите влегуваме со намера да се надигруваме и нормално дека сакаме да победиме. Во минатото сме играле вакви мечеви, знаеме како да се подготвиме не само на тактички туку и на психолошки план и верувам дека против Велс ќе забележиме позитивен резултат”, заврши Костадинов.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција
Евро-фудбал
Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед













