Connect with us

Рамсдејл го спаси Арсенал од пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Арсенал имаше водство од 0-2 на „Енфилд“, но на крајот Микел Артета може да биде среќен што неговиот тим заминува непоразен и со еден бод (2-2) од жешкото гостување. Голманот Арон Рамсдејл е херој на „топчиите“, во финишот имаше неколку неверојатни одбрани и го спречи Ливерпул да направи целосен пресврт на дербито.

Габриел Мартинели во осмата минута донесе водство за Арсенал, а Габриел Жесус го удвои во 28.минута.

Мохамед Салах ја врати надежта за Ливерпул со голот во 42.минута, а на почетокот на второто полувреме не реализира пенал во 52.минута.

Роберто Фирмино во 87.минута донесе израмнување за „црвените“, а Салах и Конате во судиското продолжение имаа одлични можности да направат и пресврт за триумф. Ги спречи токму голманот на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови